Noori
en

Нашата приказна

Родено од сон.

Како најдобри другарки и нови мајки, со многу WhatsApp voice-пораки и милион прашања за бебињата цело време се обидуваме да си помогнеме и да најдеме решенија за се: од најмалите до најважните работи. Едно од тие прашања е кaкo да им овозможиме удобен и безбеден сон.

Така се роди Noori. Сфативме дека на домашниот пазар нема многу голем избор за вреќи за спиење и повивки кои навистина ги исполнуваат сите потреби, со добра структура, квалитетен материјал и паметни детали. Сакавме нешто практично, удобно и убаво, и решивме сами да го создадеме. Домашно производство од 100% сертифициран памук и најважно безбеден дизајн.

Нашата мисија е да ги поддржиме новите родители во нивниот секојдневен живот, нудејќи производи кои комбинираат функционалност, одржливост и дизајн, грижливо создадени за најмалите и за сите кои го делат секој момент со нив.

Noori започна од нашето пријателство и желба да создадеме нешто што навистина ни недостасуваше како мајки. Од идеја до внимателно дизајнирани производи со висок квалитет, наменети да ги направат секојдневните моменти со вашето бебе поедноставни и побезгрижни.

Со љубов, A & K 🤍